Шахтјор се пожали до ФИФА: Изгубивме многу играчи и 40 милиони евра

Шахтјор поднесе жалба до комисијата на ЕУ за правото на играчите кои играат во Украина да ги суспендираат договорите.

Европската Унија наложи на странците кои работат на територијата на Украина, да можат веднаш да ги прекинат договорите, и да заминат од земјата.

„На 29. март 2023 година украинскиот фудбалски клуб Шахтјор поднесе жалба според член 7 од Регулативата бр 1/2003 до Комисијата за Европската унија против ФИФА за сегашната суспендија на договорите за странци и странски тренери. “, стои во соопштението.

Спорот меѓу Шахтјор и ФИФА се однесува на тоа што во 2022 година, по агресијата на Русија врз Украина, сите странци можеа да ја напуштат земјата веднаш и да одат во други клубови. Така многу играчи го искористија тоа, и си заминаа од клубовите. Најпрво ФИФА им овозможи да одат на позајмици, а потоа и да си заминат од тимовите.

Сепак, Шахтјор добро се „опари“ во зимскиот преоден рок со продажбата на Михајло Мудрик во Челси, од кого заработи 100 милиони евра.

Се вчитува...