Украинскиот тим Шахтјор Доњецк обезбеди предност од 2-1 по првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против Рома. Со пресврт во второто полувреме, тимот на Пауло Фонсека стигна до значаен триумф пред реваншот на „Олимпико“ во Рим, на 13.март.
Рома прва поведе на овој меч со голот на турскиот интернационалец Ченгиз Ундер во 41.минута, но Украинците заиграа многу подобро во второто полувреме.
Факундо Фереира во 52.минута успеа да го израмни резултатот, а Фред во 71.минута со спектакуларен погодок од слободен удар донесе предност за Шахтјор Доњецк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА