Шаќири: Докажавме дека не сме тим кој само се брани, се е можно против Шпанија

Швајцарија и Шпанија денеска од 18 часот ќе се сретнат во четвртфиналето на Европското првенство. Швајцарците до него стигнаа преку сензационалната победа над Франција откако успеаја да се вратат од два гола негатива за преку „пенал-рулетот“ да го елиминираат Светскиот шампион.

Во одсуство на Џака, предводник на Швајцарците во четвртфиналето ќе биде играчот на Ливерпил, Џердан Шаќири кој вели дека ќе му биде чест за биде лидерот на тимот.

„Многу сум горд што ќе бидам предводник на тимот во многу важен натпревар. Докажавме дека нашата игра не се темели само на одбрана и постигнување на еден гол. Доколку успееме да ја исконтролираме играта, се е можно. Сакам да ги покажам сите мои квалитети на теренот. Не значи дека имам лош натпревар доколку не постигнам гол или доделам асистенција. Многу е важен и придонесот во одбраната. Тоа е за целиот тим“, вели Шаќири.

Се вчитува...