Иако е со потекло од Косово, швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири вели дека нема дилема дека ќе слави доколку постигне гол за Швајцарија на квалификацискиот дуел против својата родна земја.
Швајцарија и Косово во директна пресметка ќе бараат можност за ЕП 2024 вечерва од 20:45 часот.
На трибините во Швајцарија ќе биде целото негово семејство и пријателите од Косово, но Шаќири вели дека нема проблем
„Сакам Швајцарија да победи и да славиме пред нашите навивачи на крајот на овој посебен натпревар за мене. Секако, сакам да дадам и гол и ќе го прославувам без разлика што е тоа Косово. Да, нема да претерувам затоа што почитта кон Косово ми налага да не славам бурно, но секако ќе се радувам“ – вели Шаќири пред вечерашниот дуел во квалификациите за ЕВРО 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА