Шаќири: Роналдо никогаш не смееш да го отпишеш

Швајцарскиот фудбалер, Џердан Шаќири, зборуваше за медиумите пред осминафиналето на Светското првенство што неговата репрезентација го игра против Португалија.

Офанзивниот играч МЛС екипата на Чикаго зборуваше за критиките во медиумите за последните игри на Кристијано Роналдо. Интересно е што единствените тројца играчи кои постигнале гол на претходните три Светски првенства се Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Џердан Шаќири.

„Роналдо не смеете да го отпишете. Тој е еден од најдобрите играчи во светот, исто како и Меси. Роналдо може да постигне гол во секоја минута, секоја секунда. Има искуство и сите знаеме колку значи за португалската репрезентација. Секако, свесни сме дека имаат и многу добри играчи кои можат да направат разлика. Сепак, се може да се случи за 95-100 минути и едвај го чекаме натпреварот“, изјави Шаќири. 

Се вчитува...