Шкендија утре од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје ја очекува реванш дуелот од 3. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига против шведскиот АИК Стокхолм.
Тетовци од Шведска имаат поволни 1-1, па сега пред своите навивачи ќе се обидат да дојдат до посакувана елиминација на Швеѓаните и пласман во плеј-оф рундата од квалификациите за КЛ.
Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири е свесен дека сега ќе следи сосема поразличен натпревар од оној првиот, но верува дека сите во тимот се подготвени за предизвикот кој ги чека.
„Ќе биде тоа поразличен натпревар од оној првиот, затоа што сега едноставно мора да има победник. Ништо не значи оној нерешен резултат од Стокхолм, ако не одиграме повторно квалитетно и мотивирано за победа. Ние размислуваме само на победа, па нека биде тоа и на пенали. Искрено верувам дека можеме да го елиминираме овој противник, кој добро го познавам затоа што две години играв во Шведска“ – истакна Шаќири на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА