Шаќири: Тоа не беше победа за Косово, туку за Швајцарија

Дуелот меѓу Швајцарија и Србија предизвика многу внимание, а славеа Швајцарците кои со голот на Џердан Шаќири во 90.минута стигнаа до триумф од 2-1. Прославата беше специфична и предизвика многу бура, а Шаќири ден по победата, откако се смирија малку страстите, вели дека тоа не е триумф посветен на Косово, туку на земјата за која и настапува, Швајцарија.

„Не, тоа не беше победа за Косово, туку за Швајцарија. Секогаш сум среќен кога ќе постигнам гол, а радоста беше чиста емоција. Не знам што е тука спорно“, изјави Шаќири, кој се соочува и со можна казна од ФИФА, заедно со Гранит Џака, затоа што прослави со „летање орли“, гестикулација со рацете.

Се вчитува...