Шкендија со одлично реми (1-1) се враќа од гостувањето против АИК во Стокхолм од првиот натпревар во 3. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига.
Одличен на голот на Шкендија беше Костадин Захов, кој во неколку наврати спречи погодок на домашните, па задоволен од ремито секако е и стратегот на тетовци, Артим Шаќири кој нагласува дека ќе мора уште поголема борба на реваншот ако се сака пласман во плеј-0ф квалификациската рунда.
„Го заслуживме ова реми. Нашата цел беше победа и игравме и на таа карта, но знаевме од друга страна дека АИК е навистина силен тим. Мислам дека домашните одиграа добар натпревар, па тоа ни кажува дека на реваншот не чека многу поголема борба ако сакаме да продолжиме на европската сцена. Сега ние на домашен терен ќе имаме многу поголема поддршка од трибините, но мислам дека шансите се 50-50 за продолжување понатаму во Европа“ – истакна Шаќири по дуелот во Стокхолм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА