Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири не го криеше задоволството од победата од 1-2 на гостувањето против Валмиера во Рига во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.
Шаќири жали единствено што не беа реализирани сите шанси за уште поубедлива победа, но секако мора максимална подготовка за реваншот затоа што се уште ништо не е завршено.
„Очекувавме дека ќе биде тежок натпревар, па се подготвивме токму како што треба. Овде во Летонија стигнавме до тоа што го посакувавме, но не треба да заборавиме дека противникот ни создаваше одредени потешкотии. Создадовме многу шанси и имавме можности да постигнеме четири или пет гола со кои би ни било поудобно пред реваншот. Но фудбалот е таков, тоа е тоа што го прави уште поубав. Сепак, ќе се подготвиме за реваншот бидејќи ништо не е завршено, имаме уште 90 минути во Скопје“ – истакна Шаќири на прес-конференцијата по натпреварот во Рига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА