Шалке 04 во 101.минута до големи три бода за опстанок, киксеви на Баер и Мајнц во европската битка (ВИДЕО)

Киксеви на Баер Леверкузен и Мајнц пред своите навивачи во битката за шестата позиција која носи европски излез следната сезона. Во 31. коло од Бундеслигата, Баер Леверкузен загуби со 1-2 од Келн, а Мајнц загуби од Шалке 04 со 2-3 со гол примен во 101. минута од средбата. За Шалке тоа се големи три бода во битката за опстанок, во мечот кој имаше 14 минути судиско продолжение.

На дуелот во Леверкузен, Келн поведе со голот на Селке уште во 14. минута, Адли во 28. минута израмни на 1-1, но Селке со својот втор гол во 36. минута ги постави конечните 1-2.

Мајнц, пак, имаше реми со Шалке 04 по голот на Мартин во 70.минута. Претходно, Шалке 04, кој се бори за опстанок, имаше предност од 1-2 со головите на Бултер и Краус.

Но, Шалке 04 до повеќе од значајни три бода во битката за опстанок дојде со голот од пенал на Мариус Бултер во 101. минута од натпреварот.

Се вчитува...