Баер Леверкузен не само што е далеку од борбата за излез во Европа, туку „фармацевтите“ сега ќе стравуваат и за опстанокот во Бундес-лигата откако оваа екипа ја продолжи серијата слаби резултати со бламажата на домашен терен против Шалке. Гостите од Гелзенкирхен благодарение на фуриозното прво полувреме славеа со убедливи 1-4, максимално користејќи ги слабостите во играта во дефанзива на фудбалерите на Баер.
Прашањето на победникот беше решено за само 18. минута, колку што им беше потребно на гостите да поведат со 0-3 со головите на Бургшталер, Хеведес и на Шопф. На стартот од вториот дел Шалке зголеми и на 0-4 со вториот гол на Бургшталер, а се што успеаја домашните фудбалери да сторат беше постигнувањето на утешниот погодок на Кислинг.
Баер во моментов има 36 бода, четири повеќе (но и натпревар повеќе) од Аугсбург на 16. место кое е дел од „опасната зона“. Иако меѓу овие два тима се наоѓаат уште и Мајнц, Волфсбург и Хамбургер, јасно е зошто фановите по ова очајно издание се повеќе стравуваат дека со „црна серија“ до крајот на сезонава Баер би можел и да испадне од елитното друштво.
All Goals & highlights HD- – Bayer Leverkusen 1… by lifefootball
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА