Бундеслигашот Шалке 04, интензивно работи на доведување на нови играчи во својот тим и денеска ги претстави зимските засилувања, Холгер Бадштубер и Гвидо Бургшталер.
Првиот дојде од Баерн Минхен како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, додека пак Бургшталер го засили тимот од Гелзехкирхен за сума од 1.5 милиони евра од Нирнберг.
Бадштубер минуваше низ лош период во својата кариера на „Алијанц арена“ и поголем дел од времето беше повреден или на клупата за резерви. Раководството на Шалке реши да ја искористи таквата ситуација и се очекува тој да биде квалитетно засилување во одбраната. Бургшталер имаше импресивна полусезона во Нирнберг, каде на 16 натпревари, постигна 14 погодоци, а од 2012 година е член на репрезентацијата на Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА