Шалке 04 го совлада Унион Берлин со 2-1 во премиерниот меч од 13. коло во Бундес-лигата. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Раман во 23. минута, а до крајот на првото полувреме гостите со голот од пенал на Ингварттсен во 36. минута го израмнија резултатот (1-1).
Трите бода злато вредни за Шалке ги донесе Сердар во 86. минута од мечот кога ги постави конечните 2-1. Со оваа победа Шалке со 25 бода се искачи на делба на првата позиција во Бундес-лигата со екипата на Борусија Менхенгладбах која има натпревар повеќе. Унион Берлин останува единаесетти со 16 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА