Шалке го олади интересот за Чурлинов

Дарко Чурлинов конечно ги надмина сериозните здравствени проблеми откако извесен период му беше загрозен и животот, па македонскиот репрезентативец се подготвува наскоро да се приклучи на тимските тренинзи на Барнли. Јавна тајна е дека тренерот Компани не смета сериозно на Македонецот за првата сезона по враќањето во Премиер-лигата, па се очекува Барнли во наредниот период да се обиде да најде клуб каде би го испратил Чурлинов на едногодишна позајмица.

Долго време за фаворит во оваа трка важеше Шалке, поранешниот клуб на нашиот офанзивец со кој Чурлинов успеа да обезбеди влез во првата Бундес-лига. „Сините“ од Гелзенкирхен во меѓувреме испаднаа во втората лига, па повторно покажаа сериозен интерес за Македонецот на почетокот од преодниот рок. Сепак, болеста на Чурлинов и неговата долга рехабилитација го искомпликуваа камбекот, па како што јавуваaт германските медиуми, Шалке целосно го олади интересот за нашиот ас.

„Сините“ на крајот од месец јуни го потпишаа Брајан Ласме од Арминија како големо засилување за офанзивната линија, станува збор за играч кој настапува на иста позиција како и Чурлинов, па Шалке сега размислува за освежувања на други делови од екипата.

Се вчитува...