Шалке: Голема историска грешка беше да му се додели Мундијалот на Катар

Германскиот прволигаш Шалке се придружи на клубовите кои отворено искажаа мислење за одржување на Светското првенство ов Катар. Слични иницијативи доаѓаа и од другите клубови од Германија, а во Шалке тоа го направија со истакнување на соопштение на официјалната страница.

Истакнуваат дека ќе следат кратки известувања само за нивниот играч Маја Јошида кој ќе игра за Јапонија, додека во овој следен еден месец ќе се занимаваат со теми како што се женската екипа, младинските школи и теми кои ги поттикнуваат човековите права.

„За неколку дена почнува Светското првенство во Катар – факт поради кои многу љубители на фудбалот се во неверување. Шалке има јасен став: доделувањето на најголемиот спортски настан на светот на Катар во 2010 година и натаму е историска грешка, една од најголемите грешки во историјата на фудбалот. Женската екипа, младинската школа се теми кои ги сметаме повредни за следење од Светското првенство. Од перспективата на клубот, тие многу подобро ги истакнуваат вредностите за кои се залагаме. Тие се израз на нашиот идентитет“, се вели во официјалното соопштение.

Се вчитува...