И трет едноподруго натпревар Шалке 04 не успева да дојде до триумф во Бундеслигата.
Тимот од Гелзенкирхен во првиот натпревар од 7. коло во германскиот шампионат ремизираше (1-1) со Баер Леверкузен пред своите навивачи.
Домашните дојдоа до водство со голот на Горецка во 34. минута…
Но, „фармацевтите“ израмнија за бод преку Леон Баилеј во 61. минута, кој одлично погоди од десната страна…
Шалке 04 по седум натпревар е со 10 бода, на седмата позиција на табелата, додека Леверкузен од седум кола има 8 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА