Фудбалерите на Шалке 04 триумфираа против Борусија Менхенгладбах со првиот меч во Бундеслигата во новата декада.
Првото полувреме помина без поголеми изненадувања, а на пауза се замина со најнепопуларниот резултат 0-0. На стартот на второто полувреме предност од 1-0 за домаќините донесе Суат Сердар со голот во 48. минута. Набрзо беше решен и победникот откако десет минути подоцна Михаер Грегорич стрелаше за 2-0, резултат на крајот кој ќе се покаже и како конечен.
Со победата Шалке се искачи на четвртата позиција на табелата со 33 бода, односно само два помалку од денешниот противник кој останува втор и со иста бодовна негатива зад првопласираниот Лајпциг кој има 37 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА