Шалке конечно победи, прв хет-трик во кариерата на 19-годишниот

Фудбалерите на Шалке 04 конечно по неверојатни 30 натпревари без триумф успеаја да дојдат до победа во Бундеслигата, славејќи убедливо со 4-0 против Хофенхајм во 15. коло.

Прв хет-трик во кариерата запиша 19-годишниот Американец, Метју Хоуп кој е најзаслужниот за триумфот на тимот од Гелзенкирхен.

 

Баер Леверкузен не успеа да се пробие на втората позиција на табелата, откако ремизираше (1-1) на домашен терен Вердер Бремен.

РЕЗУЛТАТИ – 15. КОЛО

Баер Леверкузен – Вердер 1-1

Фрајбург – Келн 5-0

Мајнц – Ајнтрахт Ф. 1-2

Шалке 04 – Хофенхајм 4-0

Унион Берлин – Волфсбург 2-2

Лајпциг – Борусија Д. (18:30 ч.)

Се вчитува...