Шалке „најде пари“ за Чурлинов

Шалке успеа да продаде еден од своите најскапи фудбалери, во обид да се решат финансиските проблеми и да се обезбеди буџет за нови засилувања во клубот. Повратникот во првата Бундес-лига не крие дека сака да го врати Дарко Чурлинов во тимот, но досега се жалеше дека лимитираниот буџет е проблем за да се постигне договор со Штутгарт.

Ситуацијата од денеска е поразлична, откако „сино-белите“ од Гелзенкирхен се согласија да го продадат Озан Кабак во Хофенхајм за сума од загарантира седум милиони евра, плус три милиони врзани со неколку клаузули. Казак изминатите 18 месеци ги минуваше по позајмици во други клубови, младиот турски дефанзивец беше во преговори со неколку екипи, за на крајот да биде договорен неговиот трансфер во Хофенхајм.

Со овие седум милиони евра Шалке сега има доволно средства за активност за ангажман на нови засилувања. За потсетување, Штутгарт бара три милиони евра за Чурлинов, а можна опција е и позајмица за околу еден милион, со клаузула за загарантиран откуп следното лето.

Се вчитува...