Шалке не може да победи ниту во новата година – Херта си поигра со тимот од Гелзенкирхен (ВИДЕО)

Херта Берлин ја продолжи агонијата на Шалке 04 и во новата година. Тимот од главниот град на Германија го совлада Шалке со 3-0 и го зацементира на последното место на првенствената табела.

Гуендузи во 36. минута донесе водство за домаќините. На 2-0 зголеми Кордоба во 53. додека конечните 3-0 ги постави Пјонтек во 80. Со победата Херта изби на 12. позиција на првенствената табела со 16 бода, додека Шалке останува на дното со само 4 бода во 14 одиграни натпревари.

 

 

Се вчитува...