Левиот бек на Челси, Абдул Баба Рахман, се сели во Шалке на 18-месечна позајмица. Рахман се враќа во редовите на бундеслигашот откако минатата сезона мораше предвреме да се врати во клубот од Лондон поради тешка повреда на коленото, која ја заработи играјќи за репрезентацијата на Гана за време на Купoт на африкански нации.
Челси го купи 23-годишниот бек од друг германски клуб, во 2015 година исплати 21 милиони евра на Аугсбург за неговите услуги, а во неговата дебитантска сезона забележа 23 настапи во синиот дрес. Со пристигнувањето на Конте на клупата на Челси летото 2016 година, Рахман не се најде во плановите на италијанскиот стратег па среќата си ја проба во Шалке каде одигра 21 натпревар до неговата повреда.
Челси пак, ги договори сите услови за трансфер на левиот бек на Рома, Емерсон Палмиери, а фудбалерот до утре официјално треба да биде претставен како ново засилување на актуелниот англиски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА