Шалке 04 славеше со 2-0 против Мајнц во првиот натпревар од 9. коло во Бундеслигата.
Со оваа победа тимот од Гелзенкирхен се приклучи на врвот во германскиот шампионат, со 16 бода, веднаш зад водечките Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
Победата на Шалке ја најави Горецка во 13. минута, а конечните 2-0 ги постави Бургшталер во 76. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА