Шалке во нова офанзива за Чурлинов, Штутгарт прифаќа позајмица со задолжителен откуп

Шалке не се откажува од услугите на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Најновите информации се дека Штутгарт сега се согласува да го пушти на нова позајмица во Гелзенкирхен, меѓутоа на крајот од сезоната да има задолжителен откуп, но овојпат цената ќе изнесува 3 милиони евра.

Шалке и натаму се мисли, со оглед на нивната финансиска ситуација, но веројатно оваа понуда ќе биде прифатена. Се преговара само околу задолжителниот откуп. Тимот од Гелзенкирхен инсистира да биде помал, меѓутоа Штутгарт не попушта во намерата.

Во секој случај и натаму има надеж дека ќе се исполни желбата на фудбалерот, и тој ќе остане во Гелзенкирхен уште една сезона како позајмен, а потоа ќе биде откупен од тимот на Шалке.

Се вчитува...