Масимилијано Алегри веројатно ќе го има последниот лет со тимот на Јувентус, и веќе утре многу веројатно ќе го чека отказ на маса после вечерашниот пораз вечерва во Хаифа од Макаби. Јувентус беше мизерен на теренот, Макаби со малку повеќе среќа во првиот дел можеше да води и со 3-4 разлика, а на крајот славеше победа само од 2-0.
Одличен почеток за Макаби и гол на Атцили во 7. минута. Наместо опоравување од „шокот“, уште поголем пад на Јувентус, па Макаби имаше уште една стонастостна шанса и пречка. Но, наградата дојде во 42. минута кога Атцили постигна уште еден гол за водство од 2-0. Ја „закова“ топката во горниот лев агол.
Во вториот дел Алегри уште толку се „загуби“. Па, така, наоѓаше позиции како од ракав. Костиќ играше најпрво лево крило, па последен играч за врска, па лев бек, а Кин десно, па лево крило. Милик се пресели на десната страна, па во средината. Еден хаотичен меч на тимот од Торино кој успеа да се закани неколку пати, но неуспешно.
Не само што е поразен, туку Јувентус се наоѓа и пред елиминација од ЛШ. Екипата загуби и од Бенфика и од ПСЖ, па така ќе му треба чудо за да се пласира во следната фаза, односно сите победи од крајот и „кикс“ на конкурентите.
Се играше и дуелот меѓу Копенхаген и Манчестер Сити во кој имаше се, освен голови. Данскиот тим успеа да се одбрани благодарение на голманот Грабара, кој му одбрани пенал на Махрез. Претходно беше поништен гол на Сити, а во 30. минута тимот на Гвардиола остана и со играч помалку. Тоа му ја олесни задачата на данскиот тим да се одбрани и да дојде до вториот бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА