Шампион на Еврокупот: Семоќниот Шортс го одведе Париз до билет за Евролигата

Ти-Џеј Шортс оствари уште еден фантастичен успех откако со тимот на Париз успеа да се закити со трофејот во Еврокупот, што автоматски значи и билет за промоција во Евролигата за наредната натпреварувачка сезона. Американецот со македонски пасош имаше уште една сезона за паметење, откако лани беше МВП на Лигата на ШАмпионите на ФИБА сезонава го доби истото признание во Еврокупот, промовирајќи со во нова ѕвезда на европската кошарка.

Откако рутински славеше на првиот финален меч со Бург на домашен терен Париз, вечерва стигна и до вториот триумф во финалето, овојпат на гостувањето против францускиот ривал со резултат 81-89. Шортс и соиграчите имаа негатива по првото полувреме, но на стартот од вториот дел го свртеа резултатот во своја полза и ја задржаа предноста до самиот крај, за огромна радост на крајот.

Ти-Џеј Шортс повторно беше најдобар поединец во таборот на Париз завршувајќи го денешниот дуел со 22 поени, пет скока и шест асистенции, за вкупно 26 индексни поени.

За доминацијата на Шортс и Париз најдобар доказ е што францускиот тим на патот до големиот трофеј забележа 22 победи и само еден пораз од стартот на овој европски предизвик.

Се вчитува...