„Шампион Урко-тим“ најуспешен клуб на „Балканс бест фајтерс“ во Ниш (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот кик-бокс клуб, „Шампион Урко-тим“ постигна извонреден успех, прогласен за најуспешен клуб на Балканскиот куп „Балканс бест фајтерс“ кој се одржа во Ниш, Србија.

На првенството на кое учествуваа околу 250 кикбоксери од седум земји, на крај „Шампион Урко-тим“ се најде на врвот меѓу најдобрите клубови, со освоени вкупно 19 медали, од кои седум златни, осум сребрени и четири бронзени. Па, македонскиот клуб на крајот го доби и трофејот за најдобар во ринг-дисциплините.

„Јас како тренер сум горд на мојте натпреварувачи и ова е доказ дека секој труд и посветено време во спортот се исплати и носи резултати. Но ние не застануваме тука, продолжуваме со тренинзите во Магнус центсарот каде се наоѓа КБК ‘Шампион Урко-тим’ и денеска заедно со останатите натпреварувачи кој од оправдани причини не можеа викендов да земат учество на овој натпревар и многуте рекреативци ќе ги прославиме нашите победи. Бидете дел и вие од нашата победничка кик бокс фамилија дојдете да вежбаме заедно“ – порачува тренерот на КБК „Шампион Урко-тим“ и претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко.

ИНДИВИДУАЛНИ ТРОФЕИ ЗА НАЈДОБРИ ВО СВОИТЕ ДИСЦИПЛИНИ:

Максим Митровски – најдобар сениор на ринг во Лоу Кик дисциплината.

Лука Кипровски – Најдобар сениор во К1 дисциплината.

Милан Нешевски – Најдобар јуниор на ринг во Лоу Кик дисциплината.

Иван Кукуновски – Најдобар јуниор на татами дисциплините.

 

Се вчитува...