Потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Марко Пантелиќ вели дека шампионатот од актуелната сезона сигурно ќе продолжи. Поголемиот дел од српските суперлигаши од понеделник почнуваат со тренинзи на отворено, а сите ќе работат под посебни мерки.
„Поголемиот дел од екипите ќе почнат со тренинзи од понеделник. Тоа што е важно дека полека ја добиваме битката со овој вирус. Фудбал ќе се игра, дали за 10 дена порано или еден месец покасно, тоа не е тема. Најважно е играчите полека да почнат да се подготвуваат. Каков ќе биде системот и на кој начин ќе го завршиме првенството ќе разгледуваме наредните неколку недели. До 25. мај имаме рок од УЕФА“ – вели Пантелиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА