Вкупниот награден фонд на годинашниот УС Опен ќе биде зголемен и за прв пат ќе ја надмине границата од 50 милиони долари. Тоа ги зголемува и наградите за победниците на американскиот гран-слем.
Американската тениска федерација соопшти дека шампионите на УС Опен во машка и во женска конкуренција во сингл, годинава ќе заработат рекордни 3,7 милиони долари. Минатогодишните победници во поединечна конкуренција, Стен Вавринка и Анжелик Кербер, имаа награди од по 3,5 милиони долари.
Финалистите на годинашниот УС Опен ќе инкасираат по 1,825 милиони долари, што е исто така зголемување во однос на ланските 1,75 милиони.
Шампионите во дубл, во машка и во женска конкуренција ќе добијат по 650.000 долари, а тенисерите што ќе загубат во првото коло на американскиот гранслем, ќе заработат по 50.000 долари што е за 6.700 долари повеќе во однос на претходната година.
Годинашниот УС Опен почнува на 28 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА