Шампионката Стивенс меѓу осумте најдобри на УС Опен

Ланската шампионка на тенискиот гренслем УС Опен, Слоун Стивенс, продолжува на патот кон одбрана на трофејот. Се пласираше меѓу осумте најдобри на турнирот откако запиша осминафинална победа во два сета (6-3,6-3) над Белгијката Елиз Мертенс. Во досегашниот тек од турнирот, Стивенс на противничките им препушти само еден сет.

Во четвртфиналето, Стивенс како и минатата година ќе игра против Анастасија Севастова. Летонката за местото во четвртфиналето ја победи Украинката Елина Свитолина со 2-1 во сетови.

Во четвртфиналната двојка која во полуфиналето ќе вкрсти со победничката од мечот Стивенс-Севастова се среќаваат Серена Вилијамс и Каролина Плишкова.

Се вчитува...