Шампионките се детронизирани – Германија е прв финалист на СП

Женската ракометна репрезентација на Германија е првиот финалист на Светското првенство на кое што се ко-домаќини со Холандија откако вечерва во првото полуфинале славеа против актуелниот шампион Франција со 23-28.

Германките одиграа еден одличен натпревар во кој во сите шеесет минути го контролираа резултатот и на крајот и повеќе од заслужено стигнаа до го лема победа во Ротердам.

Во финалето Германија го чека подобриот од второто полуфинале во кое ќе се сретнат Норвешка и Холандија .

Се вчитува...