Шампионот без проблем против Лејкерс, Бостон триумфално против Филаделфија (ВИДЕО)

Шампионот во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс со победа над големиот ривал Лос Анџелес Лејкерс од 123-109 ја стартуваше новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.

Стеф Кари со 33 поени и Ендрју Вигинс со 20 беа предводници на „вориорс“ во големиот триумф, додека кај поразените Леброн Џејмс заврши со 31, додека Ентони Дејвис имаше 27 поени.

Во дербито на Источната конференција, Бостон Селтикс на домашен терен славеше над Филаделфија 76 со 126-117. Тандемот Тејтум/Браун со по 35 поени го водеше својот тим до првиот триумф сезонава, додека кај 76 недовлни беа 35 поени на Џејмс Харден.

Се вчитува...