Шампионот Е. Пелистер без проблем со Бутел

Ракометарите на шампионот Еурофарм Пелистер, дојде до нова победа во Супер-лигата откако на домашен терен го совлада Бутел со 34-25.

Ова беше 19-ти триумф за првакот, а регуларниот дел ќе го заврши со гостување во Прилеп.

Гостинискиот тим добро парираше само во првите 20 минути, и на моменти имаше и предност. Сепак, првакот во последните десет минути покажа шампионско лице и дојде до добра предност од 19-13.

Домаќините во вториот дел констатно ја одржуваа предноста, и дури ја зголемуваа и да завршат со убедлива победа.

Филип Кузмановски беше најефикасен со 10 постигнати голови. Кај Бутел најефикасен беше Шолиќ со шест погодоци.

Се вчитува...