Кошаркарите на Њујорк Никс ги елиминираа актуелните шампиони Бостон Селтик во шестиот натпревар од серијата, победувајќи со вкупни 4-2, откако ноќеска славеа убедлив триумф од 119-81.
Таму ги чека екипата на Индијана Пејсерс, која претходно го елиминираше Кливленд. На Западот, пак, Минесота е веќе во финале, и го чека подобриот во мајстроката помеѓу Денвер и Оклахома.
Бостон уште на стартот беше во незавидна позиција, со оглед дека мораа да играат без Џејсон Тејтум. Селтикс не беа фаворити без него, и на теренот на „Медисон Сквер Гарден“ не можеа да се носат со расположениот противник.
NEW YORK ADVANCES TO FIRST ECF SINCE 1999-00 SEASON AFTER A DOMINANT WIN ‼️
Brunson: 23p, 6a, 6r
Anunoby: 23p, 9r, 2s, 2b
Bridges: 22p, 4r, 3a, 2b
Towns: 21p, 12r
Hart: 10p, 11r, 11aGame 1 vs. IND: Wednesday 8pm/et on TNT 🍿 pic.twitter.com/IN6PNRFECM
— NBA (@NBA) May 17, 2025
Актуелните шампиони се држеа до резултатот во првата четвртина, иако постојано заостануваа, а во втората четвртина влегоа во „мелницата“ на Никс, кои со одличната одбрана, контрите и шутирањето од далечина, веќе имаа големи +27 на полувремето!
Тоа беше почеток на крајот за Селтикс, доживеаја целосен распад, а разликата во еден миг беше и 40 поени. Сите во редовите на Њујорк беа расположени: Брансон и Ануноби постигнаа по 23 поени, Бриџис 22, Таунс 21 поен… Кај Селтикси Браун беше најефикасен со 20 поени.
Ова беше прв пласман во финале на конференција за Њујорк после 2000 година.
KNICKS ADVANCE TO EASTERN CONFERENCE FINALS FOR THE FIRST TIME SINCE 2000 🚨 pic.twitter.com/T9m6aWmUoC
— NBA (@NBA) May 17, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

