Актуелниот македонски фудбалски шампион Струга Трим Лум на три кола пред крајот на Првата македонска фудбалска лига во екот на трката за титулата се реши за тренерска смена.
Шпетим Дуро повеќе не е тренер на македонскиот шампион откако од тимот се решија да ја прекинат соработката со овој стратег.
„ФК Струга ја информира јавноста дека за раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро. Со билатерален договор прекината соработката со тренерот Дуро. Во оваа прилика, ФК Струга му се заблагодарува на Шпетим Дуро за неговиот придонес во периодот додека ја водеше нашата репрезентација на државното првенство и европските натпреварувања, а воедно му посакуваме многу успеси во иднина“, соопштија од Струга Трим Лум.
Во ПМФЛ, Струга е на делба на лидерското место со Шкендија и Шкупи со по 58 бода. Сепак, шампионот е во најлоша форма бидејќи запиша три порази на последните пет меча (два во низа).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА