ФОТО: Шампионот ќе ја „бруси“ формата во Златибор

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, од денеска е во српскиот туристички центар Златибор, каде ќе ја темпира формата пред почетокот на новата сезона, во која битолскиот тим ќе брка одбрана на трофејот во македонскиот шампионат, и успех во групната фаза во Лигата на шампионите.

Избраниците на тренерот Рубен Гарабаја досега минаа во Битола, а сега покрај тренинзите следуваат и тест натпревари. Противниците дополнително ќе бидат обелоденети.

Се вчитува...