Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до шестата победа во седмиот меч во Супер-лигата на Македонија, откако на свој терен го совладаа тимот на Охрид, кому ова му беше прв пораз.
Иако победата е изразена со три гола разлика (25-22), сепак, домашниот тим во текот на целиот меч ја имаше контролата на резултатот и на играта.
Охриѓани водеа само во воведните минути два пати, но беа далеку од изненадување. Пелистер брзо се врати, и дојде до предност до пет разлика, која беше актуелна и на полувремето.
Во вториот дел на моменти битолчани имаа и седум поени предност, на крајот само дозволија за кратко Охрид да се доближи до два, но не и да дојде до изненадување.
Филип Кузмановски со 10 гола беше лидер кај стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА