Шампионот МЗТ Скопје гостува во Гостивар на отварањето на 13. коло (ФОТО)

Прволигашката кошарка во Македонија продолжува денеска од 19 часот во „Младост“ каде Гостивар ќе го угости МЗТ Скопје во обид да му го нанесе вториот пораз на актуелниот шампион во првиот дел од натпреварувањето. Тоа воедно ќе биде и мотив повеќе за аеродромци кои ќе целат кон реванш за мечот одигран во СЦ „Јане Сандански“.

Од тој натпревар до сега работите се променети, МЗТ Скопје во овој дуел влегува воден од нов тренер и со бројни играчки промени па ќе видиме дали домаќините кои воедно нема да можат да сметаат и на Андреј Маслинко кој со 18 поени и 5 скока беше еден од лидерите во Аеродром ќе успеат да стигнат до нов голем подвиг, овој пат на крилја на домашната публика.

Тринаесеттото коло продолжува со сабота со мечот помеѓу Академија ФМП и Феникс 2010, во недела ќе бидат одиграни мечевите помеѓу Струмица и Кожув, односно Куманово и Еуро Никел, во вторник не очекува средбата помеѓу ТФТ и Чаир 2030, а колото ќе биде комплетирано во среда со натпреварот на колото во кој Работнички ќе го пречека Пелистер.

Се вчитува...