Со нов тренер, Шпанецот Давид Писонеро, и шестмина нови ракометари, со делумно изменет состав, но и со педигре на актуелен европски првак, РК Вардар ги стартуваше летните подготовки за новата сезона. Ќе ја брани европската круна, предизвикот секако е огромен.
Капитенот Стојанче Стоилов присуствуваше на првата прозивка на Писонеро, но се уште се опоравува по операцијата на менискусот на коленото. Тој треба да биде подготвен за настап во ЛШ, но ќе го пропушти Супер Глоуб.
Сезоната за Вардар во Лигата на шампионите ќе стартува на 11 септември, а претходно, предизвик ќе биде настапот на Супер Глоуб, каде покрај македонскиот тим ќе играат уште Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен првак), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њујорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија), Кил (Германија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА