Младиот германски репрезентативец Флоријан Вирц со одличните настапи го примами погледот на најголемите европски гиганти кои се подготвени да издвојат вистинско богатско за да стигнат до неговите услуги.
Вирц е трансфер мета на Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен, но ниту Баер Леверкузен нема желба така лесно да се откаже од неговите услиги. Според германскиот медиум „Кикер“ веќе е постигнат договор за продолжување на соработката која трае до 2027 година на уште една сезона.
Новиот договор на Вирц му носи и далеку побогата плата и тој ќе стане првиот фудбалер во тимот со примања поголеми од 20 милиони евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

