Шампионот новата сезона во НБА ќе ја почне без публика

Актуелниот шампион во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс нема да ја има поддршката од фановите на почетокот на новата сезона, потврдија од клубот. Новата сезона која ќе стартува на 22. декември, актуелните шампиони во „Стејплс центарот“ ќе играат без публика, а нормално причината за тоа е коронавирусот.

Од Лејкерс информираа дека оваа одлука е донесена во договор со власта во Калифорнија како и со локалните здравствени работници.

Се вчитува...