Шампионот од Мајами се повлече од мастерсот во Монте Карло

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик нема да учествува на Мастерсот во Монте Карло. Меншик во неделата го освои мастерсот во Мајами победувајќи го во финалето Новак Ѓоковиќ, но по враќањето во Европа ќе одмора.

Се чини дека е логична одлуката на новопечениот 24. играч во светот, по физичката и психичка исцрпеност по турнирот на Флорида.

Дополнително, Меншик ќе мора да ги игра квалификациите во Монако, бидејќи последното намалување беше пред Чехот да го освои Мајами.

Монте Карло е на програмата од 6 до 13 април, а титулата ја брани Стефанос Циципас.

Се вчитува...