Кошаркарите на актуелниот шампион Оклахома сити тандер забележаа нова победа во НБА лигата откако синоќа славеа на домашен терен против Голден стејт вориорс со 104-97.
Шаи Гилџс Александер повторно беше најдобар поединец во таборот на победникот, завршувајќи го мечот со 27 поени, Кај Вориорс се истакна Гуи Сантос кој натпреварот го заврши со 22 поени.
Лидерот во Источната конференција, Детроит пистонс прокоцка голема предност и на крај беше поразен од еден од најслабите тимови во лигата, Бруклин нетс со 105-107. Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Минесота – Оклахома 92-119, Атланта – Филаделфија 125-116, Мемфис – ЛА Клиперс 120-123 и Милвоки – Сакраменто 113-99.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

