Актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс забележа нов пораз откако синоќа загуби на гостувањето кај Мајами Хит со 116-109. Макс Штрус со 24 и Џими Батлер со 23 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените залуден беше трипл-даблот на Стеф Кари (23п. 13а. и 13с.).
И покрај отказот за Стив Неш, Бруклин Нетс и понатаму не може да ја пронајде формата. Клубот од Њујорк загуби на домашен терен против Чикаго Булс 99-108. Зак Левин со 29 поени беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Кевин Дјурант заврши со 32 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Оклахома – Орландо 116-108 и Феникс – Минесота 116-107.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

