Екипата на Е.Пелистер од денеска е без услугите на Мохамед Калид Валид, откако раководството се одлучи да му го раскине договорот пред неговиот истек. Двете страни се согласиле да ја прекинат соработката.
Египетскиот интернационалец дојде во Битола од Бешикташ на почетокот на оваа сеозна, и во 23 натпревари, постигна 32 голови. Претходно играше за Замалек и Хелиополис во неговата родна земја.
„Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, ја информира јавноста дека спогодбено го раскина договорот со ракометарот Мохамед Калид Валид пред истекот. Двете страни беа согласни за промена и затоа оваа операција брзо е завршена. Во нашиот дрес Калид Валид го освои Суперкупот на Македонија и имаше забележителни настапи во Лигата на шампионите и Суперлигата. Клубот му се заблагодарува на соработката и му посакува успех во понатамошната кариера“, пишува во објавата на Е.Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

