Шампионот се врати – Марк Маркез на пол-позиција по пауза од три години

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез ја освои пол-позицијата пред трката за ГН на Јапонија на патеката Мотеги.

Брилијантниот Шпанец ја освои својата прва пол-позиција по три години, а последен пат стартуваше од првиот ред токму на јапонското гран-при пред три години.

Сега ја освои најдобрата стартна позиција со време 1:55.214. Зад него беше Жоан Зарко со само 208 илјадити делови од секундата, а на третото место беше Бред Бајндер со 323 илјадитинки заостанување.

Топ 10 ги заокружија Маверик Вињалес, Хорхе Мартин, Алес Еспаргаро, Џек Милер, Мигел Оливеира. Актуелниот шампион Фабио Квартаро беше само деветти, а Марини на 10. место. Пол Еспаргаро го освои 11-то, а Пеко Бањаја заврши на 12-тото место.

 

 

Се вчитува...