Голманот Филип Дујмовиќ, ќе го чува голот на шампионот Струга ТЛ идната сезона. 25-годишниот чувар на мрежата доаѓа од тимот на Железничар, каде настапуваше во изминатите шест месеци, но не запиша ниту еден настап во првенството на БИХ.
Претходно беше дел од Динамо Букурешт, а беше дел и од Раднички Ниш, Младост Какањ, Спартак Суботица, а има искуство и во Турција, откако беше дел од младинскиот тим на Адана.
Дујмовиќ ќе треба да биде засилување меѓу диреците, откако е извесно дека тимот ќе се раздели со Ведран Ќосевски, кој втора година по ред е еден од заслужните за двете титули на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА