Одбојкарскиот првак на Македонија, тимот на Струмица, успеа да доведе одлично засилување постигнувајќи договор со долгогодишниот македонски репрезентативец Филип Деспотовски.
Одличниот техничар има зад себе богата меѓународна кариера, ланската сезона настапуваше за Будва, а претходно беше дел и од шампионатите на Естонија, Русија, Грција, Романија…
Нема сомнеж дека Деспотовски ќе им биде од огромна помош на струмичани во борбата за одбрана на титулата на домашната сцена, но и во обидот овој тим достојно да се претстави во европските натпреварувања сезонава.
Струмица претходно потпиша договор со репрезентативецот Стојан Илиев, како и со рускиот интернационалец Александер Злобин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА