Хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ блесна во полн сјај на Ф4 турнирот во Келн, и беше еден од најзаслужните за европската титула на Вардар. Засекогаш ќе остане запишан во историјата неговиот победнички гол против Барселона за пласман во финалето на ЛШ. По фантастичниот пречек што го имаше со „црвено-црните“ во Скопје, Лука Циндриќ имаше шампионски пречек и во своето родно место во Хрватска, Огулин.
Сограѓаните се погрижија да го пречекаат како вистински херој, истакнувајќи дека се горди, што имаат европски првак за свој сосед.
„Можеби и се уште не сме свесни каков успех направивме. Во прв момент, тоа сигурно не го знаевме. Но, кога дојдовме во Скопје, и видовме колку луѓе се радуваат, тогаш ни беше многу појасно. Верувајте, едвај ги преживеав тие моменти, бев многу возбуден“, истакна Циндриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА