Шампионот во УФЦ, неочекувано, се откажа од титулата

Бразилскиот ММА борец, Алекс Переира се откажа од својот шампионски појас, пренесе првиот човек на УФЦ, Дана Вајт.

Леснотешката дивизија на УФЦ наскоро ќе има нов шампион, бидејќи Алекс Переира одлучи да се откаже од титулата и појасот.

Сите очекуваа Переира повторно да го брани својот појас откако ја врати титулата во март со победа над Магомед Анкалаев, но шокираше многу луѓе со својата одлука.

Ова значи дека Јиржи Прохашка и Карлос Улберг ќе се борат за оваа титула на 11 април на УФЦ 327.

Сè уште нема објаснување зошто Переира се откажа од појасот, или дали тоа е поврзано со повреда или потенцијална борба за титулата во тешка категорија.

Познато е дека Том Аспинал е сè уште во сериозна состојба по повредата на окото што ја доби во мечот со Сирил Гана, па неговата кариера е сè уште во опасност.

Ова веројатно значи дека Алекс Переира ќе го нападне појасот во тешка категорија.

Се вчитува...