Шампионот загуби важен играч, Ирвинг остана во Далас со Дончиќ

Започна преодниот рок за слободни играчи во НБА Лигата, и уште од првиот ден возбудливи информации за љубителите на најсилната кошаркарска лига на светот.

Во центарот на вниманието беше заминувањето на еден од играчите на шампионот Денвер. Крилниот играч Брус Браун замина во Индијана каде ќе настапува во следните две години, во договор вреден 45 милиони евра. Нагетси беа лимитирани да му понудат нов договор.

Во меѓувреме Денвер успеа да го задржи Реџи Џексон, кој доби 2-годишен договор. Кајри Ирвинг остана во Далас кај Дончиќ. Ирвинг доби тригодишен договор вреден 126 милиони долари, што беше клучно за останување. Останатите заинтересирани страни му нудеа само едногдодишен договор.

Се вчитува...